2win800x200

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ НА БИТ ФЕСТ И ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

Август 14, 2018

Општина Битола денеска ја објави листата на учесници кои добија финансиска поддршка на годинешното издание на БИТ ФЕСТ

„Општина Битола ја потврдува транспаретноста во работењето и за првпат во постоењето на фестивалот БИТ ФЕСТ, пред неговото официјално завршување, јавно ги објавува предвидените суми за поддршка на учесниците во фестивалот, се наведува во соопштението од Општина Битола

Селекцијата на годинешните учесници на фестивалот БИТФЕСТ ја вршеше селекторски тим со членови од одредени области. Пред почетокот на фестивалот,  градоначалничката Наташа Петровска истакна дека годинава вкупната сума за фестивалот ќе биде неколку кратно пониска од изминатите години.

„Вкупно од одбрени средства во програмскиот дел се 5 240 000 денари и тоа: 3 240 000 денари од буџетот на Општина Битола и за првпат 2 000 000 денари од буџетот на Република Македонија. Вкупната сума е неколкукратно пониска од минатите години, не затоа што не треба да се троши, туку затоа што природата на трошоците има карактер на класифицирање по приоритет. Една локална самоуправа, мора да мисли на сите аспекти на животот во општината, од култура до инфраструктура“, рече тогаш Петровска.

Целосно ја пренесуваме листата на учесници на БИТ ФЕСТ и финансиската поддршка од Општина Битола

ФОЛКЛОР

Илинденски денови, Центар за култура Битола – 300.000 ден
Во срцето на Битола, Уметници ракотворци, Битола- (техничка поддршка)

КЛАСИКА

Светски оркестар на Џејмс Џез, Музичка младина на Македонија, Скопје – 31.000 ден
Оперски арии, Ана Синицки – 50.000 ден
Пијано во 4 раце, Татијана Божиновска и Билјана Димовска – 20.000 ден
Младински женски хор, КУД Стив Наумов, Битола – 30 000 ден
Кларинети и пијано, Марјан Бакревски, Игор Бакревски и Верица Дивитарова - 21000 ден
Пијано концерт на Маурицио Анунцијата (Италија), Италијанска Амбасада во РМ -(соработка со амбасади)
Концерт на Месинг квинтет, Австриска Амбасада во РМ- (соработка со амбасади)
Концерт на пијано, виолина и виолончело, Француска Амбасада во РМ- (соработка со амбасади)
Ладино-сефардски звуци, Израелска Амбасада во РМ -(соработка со амбасади)
Руски романси, Руска Амбасада во РМ- (соработка со амбасади)

ФИЛМ

Проекција на 10 филмови КВК Студио Милтон Манаки – 40.000 ден
Документарен филм за Влашката заедница, Томислав Спировски – 10.000 ден

ДЕТСКА ПРОГРАМА

Детски фестивал „СИ – ДО“, ЗГ Промедија, Битола – 30.000 ден
Музички фестивал „ТРА-ЛА-ЛА“, Асоцијација за уметност Алексовски, Битола – 200.000 ден
„Добро утро, добар ден…“ Маја Андоновска Илијевски – 90.000 ден

ИЗЛОЖБИ

Работилница за фотографска техника, Фото Кино Клуб Битола – 10.000 ден
Фотографии од партизани од Битола и битолско, Сојуз на борци, Битола – 60.000 ден
Сликање на мурал, Хибрид мајндс кру – 33.000 ден
Фотографија „Три точки“ Фото клуб Стеван Наумов Стив, Битола – 15.000 ден
Фотографија „Фолклорни мотиви“ Петар Ставрев – 60.000 ден
Копаничарство „Атеље Пердика“, Гоце Крстевски – 10.000 ден
Слики, графики, скулптури „Мал формат“, ДЛУБ – 10.000 ден
Самостојна изложба на Александар Поповски, ДЛУБ – 10.000 ден

ЛИТЕРАТУРА

Промоција на збирка поезија, Јорго Јанопулос, Солун, Грција - Соработка со Република Грција
Промоција и печатење на книга „Етнолошко-антрополошки истражувања на состојбите предизвикани од првата светска војна, во битолско долж кота 105“, Сојуз на борци, Битола – 80.000 ден
„1000 зошто, 1000 затоа“, НУУБ “Св. Климент Охридски“- 30.000 ден
„Битола чита“, Св. Климент Охридски- 30.000 ден
„Слемирај креирај“ НУУБ Св. Климент Охридски – 40.000 ден
„Нашето националистичко пијанство“ Сојуз , на борци, Битола – 80.000 ден
Промоција на книгата „Вермархтот и Македонија“ Сојуз на борци, Битола – 80.000 ден
Промоција на книгата „Лобирање во културата“, МНД Битола – 84.000 ден
„Ако одам во Битола“, Гордана Петрова Такец – 30.000 ден
Фестивал за литература и др уметности „300 работи. Триста“, Игор Трајковски Фоја – 142.000 ден

ТЕАТАР

„Битолска аудиција“, Театар „Солза и смеа“,  

„Жени“, Интимен театар Битола – 30.000 ден

„Ликот и делото на Ѓерг Кастриоти Скендербег“, 22 Нентори-а 10.000 ден
„Осмели се да бидеш свој“, ЗКУ Детски театар, Битола – 30.000 ден
Шекспир фестивал, НУ Народен театар Битола – 1.500.000 ден

МУЗИКА

Концерт на Исмаил Лумановски, Радио Б97 Битола – 372.000 ден
Солстис Француска Алијанса Битола – 60.000 ден
Меѓународен ден на младите, Младински иницијативи за дијалог и соработка – 143.000 ден
Ромска музика Сумнал, Битола – 75.000 ден
Балканска рок симфонија Камерен оркестар Битола – 150.000 ден
Широк сокак во бело, ЗГ Широк сокак во бело – 300.000 ден
Фестивал на староградска музика и вино, Димитар Елковски – 30.000 ден
„Локум Фест“, ЗГ „Локум Фест“ – 100.000 ден
Смотра Асоцијација 615 – 12.000 ден
Незаборав, Панде Димитровски – 80.000 ден
100 % македонско, Креативен Центар за млади, Битола, 15.000 ден
BUS FEST 18, ЗГ Стиховно војување Продукција – 20.000 ден

РАЗНО

„Битола отворен град“ МКЦ Битола, 400.000 ден
Годишен концерт ТСК Степ, Битола, 20.000 ден
Денови на ромска култура, Баирска светлина – 30.000 ден.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани