2win800x200

Изложба на фотографии од партизански одреди и активностите на АРМ во мировните мисии

Август 16, 2018

По повод одбележувањето  на Денот на АРМ, во организација на Општинската организација на Сојуз на борците од Битола и Армијата на РМ, во битолската  „Магаза“, отворена е изложба на која се претставени експонати и фотографии од партизани и партизански одреди од НОВ од Битола и битолско, како и од активностите на припадниците на АРМ во мировните мисии.

-Секоја револуција, секое востание оствааат траги. Така беше и кај нас во 1941 година кога запопчна Антифашистичката војна против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор. Само неколку дена по почетокот на војната бугарската фашистичка полиција спроведе апсење на прогресивни луѓе, кои беа осудени на строги затворски казни. Но и покрај сите репресивн мерки што ги преземаше окупаторот врз македонскиот народ, Македонците останаа доследни дека ќе ја поддржат Народноослободителната и антифашистичката борба против бугарскиот фашистички окупатор, така што во 1942 на териоријата на цела држава се формираа партизански одреди, а во Битола и битолско се фромираа партизанските одреди „Пелистер“, „Даме Груев“ и „Јане Сандански“. И покрај сите репресивни мерки, отпорот не беше скршен, а на 2 август во  1944 година беше одржано првото заседание на АСНОМ со што беа удрени темелите на нашата држава, рече меѓу другото на отворањето на изложбата, претседателот на ОО на Сојузот на борци од Битола, Александар Трајковски.

-Министерството за одбрана ја поддржа оваа иницијатива, а Воениот музеј отстапи дел од своите изложбени дела. Учеството на АРМ  во мировните мисии не треба да се гледа само од аспект дека поддржуваме мисии на НАТО или на било кои други сојузи, туку треба да го гледаме од аспект на тоа што добива Армијата на РМ. АРМ добива обука и непроценливо искуство, рече полковник Марјан Јачевски, на отворањето на изложбата.

Оваа изложба е првиот дел од трите предвидени активности во рамките на проектот кој го спроведува Сојуз на Борци од Битола, а поддржан од Министерство за Одбрана на Република Македонија.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани