2win800x200

Подарок од Општина Могила за сите првооделенци

Август 24, 2018

На последната седница, Советот на Општина Могила доднесе Одлука за доделување училишен прибор на секој првоодленец во учебната 2018/2019 година во трите централни и сите подрачни училишта на територијата на општината.

Советниците донесоа Одлука и за одбележување на празникот на општината “12 Септември“ – 2018 година.

На 17-тата седница на Советот на општина Могила беше донесена Одлука за прифаќање на Проектот за снимање на документарен филм за општина Могила на македонски и англиски јазик.

Исто така, советниците едногласно ја усвоија Предлог – Одлуката за Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Могила.  На седницата на Советот на општина Могила беше донесена Одлука за измена и дополнение на Годишен план за јавни набавки за 2018 година на општина Могила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани