2win800x200

НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ВЛАДИМИР ТАЛЕСКИ

Август 24, 2018

Битолската полиција поднесе уште една кривична пријава против екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Овој пат тој се товари за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според полицискиот извештај, Талески во период од 2015 до 2017 година, спротивно на Законот за локална самоуправа дозволил две правни лица да бидат ослободени од плаќање месечен надомест за вршење линиски превоз на патници во општина Битола. Со ваквата постапка тој нанел штета на општината во висина од 799.200 денери.

 

Покрај ова, со потпишување на договори со превозници и правни лица кои користат услуги, неосновано створил побарување на општината од 11.329.253 денари. Исто така, по завршување на проектот Реконструкција на автобуски стојалишта не презел дејствија за вршење на надзор за одржување на автобуските постојки.

Ова е петта кривична пријава против Талески соопштена во јавноста, по оние за Транспортер 1, 2 во кои е обвинет за злоупотреби со школскиот превоз, за набавка на лесно масло за греење во градинките и школите без склучени анекс договори и за негрижа за Офицерскиот дом. За два од случаите веќе се водат судски процеси.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани