2win800x200

АМСМ со две збунувачки соопштенија за обиколницата над Битола

Август 26, 2018

АМСМ со две различни известувања на нивната веб страница, денеска  ја збуни јавноста околу информацијата за затворањето на обиколницата.

Синоќа АМСМ објави дека има прекин на сообраќајо на патот А3  Битола-Ресен, односно од бензинската пумпа Лукоил до раскрсницата кај село Крклино, поради свлечиште. Ова известување и денеска стои на нивната веб страница, но подолу во информациите за работи на патот, денеска објави соопштение дека оваа делница е затворена поради рехабилитација на битолската обиколница.
 
„Илинден“ АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот ќе биде во прекин се до завршување на градежните работи, истиот ќе се пренасочува преку градот Битола“, пишува на веб страницата на АМСМ
 
Оваа информација за апла.мк ја потврдија и од ЈП Македонија пат, од Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачот на работите „Илинден“ од Струга, од каде велат дека подготовките за отпочнување на градежните работи се во тек, поставени се сообраќајни знаци за времена измена на режимот на сообраќај, а активносите ќе  почнат во текот на наредната недела. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани