2win800x200

„Од камен темелник до ТЕ Битола-3“-изложба по повод 30 годишнината од пуштањето во употреба на третиот блок во РЕК

Август 27, 2018

Денес во Фоајето на битолскиот Центар за култура, а во организација на АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола и редакцијата на „Битолски весник“ беше отворена изложба на тема „Од камен темелник до ТЕ Битола-3“ со што беше одбележан јубилејот – 30 години од денот на пуштањето во употреба на Блок-3 на комбинатот.

Изложбата ја сочинуваат 108 страници на “Битолски весник” на кои во периодот од 1976 година до 1984 година, еднаш неделно во посебен подлисток, биле објавувани сите информации поврзани со изградбата и пуштањето во употреба на РЕК Битола.

Izlozba REK 1

- Оваа изложба е потврда на фактот дека РЕК Битола е столб на македонската енергетика и столб на македонската економија. Тоа што на изложбата може да се види и прочита за нас претставува дополнителен поттик за поинтензивно да се одвиваат новите инвестиции во РЕК Битола, рече меѓу другото Драган Миновски, генерален директор на АД Електрани на Македонија.

Според директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски, изложбата на „Битолски весник“ значи сведоштво за тоа како во изминатите децении, растел и работел комбинатот.

- Ова е историја на РЕК Битола, но и историја на градот Битола. РЕК Битола и АД ЕЛЕМ и понатаму ќе бидат партнери на заедницата, пред се од економско социјалниот аспект, а со заедничка меѓуинституционална соработка ќе можеме да помогнеме во развојот на Битола и регионот, посочи Ковачевски.

На промотивниот настан во Битола беше најавено дека наскоро во „Битолски весник“ еднаш месечно ќе биде објавуван подлисток посветен на работата на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола.

- Со оваа изложба „Битолски весник“ се потврдува како најголем хроничар на градот, а в година ќе одбележи 55 години од денот на основањето на единствениот локален печатен медиум кој опстојува без прекин, а со соработката со РЕК Битола ќе се подобри иднината на весникот за никогаш да не згасне, посочи Младеновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани