2win800x200

Распишан е конкурсот за највисокото општинско признание, наградата „4 Ноември“

Септември 04, 2018

Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“  го распиша конкурсот за доделување на највисокото општинско признание за физички и правни лица за значајни остварувања во разни сфери од животот. Конкурсот е отворен денеска,   4 09.2018 и ќе трае еден месец. 

Наградата  се доделува во две категории -едногодишна,  за достигања во перидот од 1.08.2017 до 31.07.2018 година и награда за животно дело што претставува заокружена, континуирана творечка целина.

Едногодишната награда се доделува на правни и физички лица, додека наградата за животно дело се доделува само на едно физичко лице.

Право да предложат  кандидати имаат правни лица, здруженија на граѓани, група граѓани и поединци, а предлогот треба да  биде детлно образложен во писмена форма, во 10 примероци, а за кандидатите поединци да содржи и кратка биографија.

Предлозите се поднесуваат до Управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани