2win800x200

ЌЕ СЕ ИЗБИРААТ НАЈУСПЕШНИ ОД ОБЛАСТА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2018 ГОДИНА

Септември 08, 2018

Здружениетo за земјоделци „Современо Земјоделство“ ја организира најголемата манифестација во областа на земјоделството „Избор на најуспешни во областа на земјоделството за 2018 година“.

Изборот ќе се одржи во ресторан „Вавилон“ во Битола на 20 септември. Оваа манифестација, каде изборот на најуспешни ќе се сведува само во областа на земјоделството, ќе биде единствена не само во регионот туку и во државата.

Пред почетокот на манифестацијата, од 16:30 часот, во дворот на ресторан Вавилон, ќе се организира мини саем со земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, вино,пиво, млечни производи, мед... Официјалниот дел ќе започне во 18 часот. Ќе се доделат повеќе плакети и благодарници, на политичари, земјоделци и компании за успешната работа во изминатата година.

 

-На овој начин преку оваа манифестација, која ќе постане традиција за овој регион, сакаме да му дадеме поголема важност на професијата „Земјоделец“, да ги поттикнеме компаниите, стопанствениците и политичарите на уште поголема посветеност на оваа многу битна гранка во општеството, и пред се да ги поддржиме младите земјоделци и жената-земјоделец-нвелат организаторите.

Потврдено е присуство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и посебниот советник за земјоделство на претседателот на владата, Ленче Николовска.

Ќе се изработат мини филмови и слајдови со сите успешни земјоделски политики во оваа област во изминатата година. Низ бројки ќе се направи споредба какво е земјоделството во земјите во ЕУ, а како е кај нас. Ќе се истакнат сите активни и идни огласи на кои земјоделците ќе можат да аплицираат. По официјалниот дел, сите присутни ќе ги забавува музичката група Адути и атрактивната пејачка и звезда која настапуваше на Звездите на Гранд, Десанка Деси Маркоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани