2win800x200

Почна филмската селекција за 25 издание на фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“-Битола

Октомври 13, 2017

Денеска во Битола почна  жирирањето на Интернационалниот фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, што годинава ќе се одржи  на  27  и 28 oктомври во Битола .

 

Годинава на ФАДФ „Камера 300“  се пријавени  42  аматерски документарни филмови, рече Стефан Хаџиандоновски, претседател на Советот на фестивалот и на кино клубот „Студио Милтон Манаки“-Битола, организатор и домаќин на овој традиционален културен настан.

-Годинава фестивалот го слави сребрениот јубилеј, односно 25 години на овој значаен фестивал за културата на Р. Македонија и Битола. И за прв пат во овие изданија покрај традиционалните земји учеснички имаме филмови од Шпанија, што е голем допринос за овој фестивал, благодарејќи на нашето членство во светската организација на непрофесионален филм УНИКА, рече Хаџиандоновски.

Стручното интернационално жири кое од вчера е во Битола, го сочинуваат  д-р Стефан Сидовски, проф.д-р Станимир Трифонов од Бугарија, Владимир Анѓелковиќ од Србија,  Јосип Грозданиќ од Хрватска и проф. д-р Мишо Нетков, исто така од Макадонија.

Највисокото признание на фестивалот е наградата- гран при плакета „Милтон Манаки“, како и наградите за филм златна , сребрена и бронзена„ Камера 300“.Плакета за најдобра камера , идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“ , награда за најдобра репортажа и награда, плакета на УНИКА.

-Стручното жири има задача да ги оцени филмовите и да одреди, кои од нив ќе бидат прикажани на свечената проекција на фестивалот во малата сала на Центарот за култура во Битола на крајот на октомври- најави  Хаџиандоновски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани