2win800x200

Молк од Општина Демир Хисар за снимката со градоначалникот Стојановски

Септември 10, 2018

Молк од Општина Демир Хисар, градоначалникот Марјанчо Стојановски и од раководството на ОУ „Гоце Делечев“ во истоимената општина. По објавената снимка од вчера на која градоначалникот Стојановски им се заканува на вработени во училиште дека им ги слуша телефоните, денес тој беше зафатен за да ги прими новинарите. На пријавница во Општината ни беше кажано дека градоначалникот е зафатен, не може да ги прими новинарите, а за сè што ги интересира може да преземат информација од соопштението на МВР.

 

Вчера на Интернет беше објавено аматерско видео во кое Стојановски во училиште им се заканува на вработени со зборовите: ,,Заборавивте дека во МВР работев, заборавивте дека ви ги слушам телефонските јавувања, одење по куќи“.

Во соопштението на МВР од вчера стои дека по насока на Јавното обвинителство од Битола, градоначалникот бил повикан во Полициската станица во Демир Хисар на информативен разговор поради објавениот видеоматеријал. Во разговорот тој кажал дека снимката е од основното училиште ,,Гоце Делчев” во Демир Хисар од јануари годинава, за време на протест одржан поради промена на две учителки.

Молк и од основното училиште ,,Гоце Делчев” во Демир Хисар, каде се случила кавгата . И директорката Наташа Коруновска и нејзината заменичка беа отсутни.

Видеоматеријалот беше објавен вчера непосредно пред почетокот на кампањата за референдумот за името, закажан за 30 септември. Но, на неа се гледа дека снимката е стара зашто сите се облечени по палта и долги ракави.

Од СВР Битола велат дека истрагата продолжува и се сослушуваат повеќе лица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани