2win800x200

Одбележана 76 годишнината од убиството на народните херои Стив Наумов и Мите Богоевски

Септември 12, 2018

Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи, денеска беше одбележана 76 годишнината од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски, а по тој повод претседателтот на боречката организација, Александар Трајковски, претставници од семејството на народниот херој Стив Наумов, градоначалничката Наташа Петровска, претставници на политичките партии, граѓани и учниците од ОУ „Трифун Пановски“ денеска положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Стив Наумов, на битолски Широк Сокак.

 

НА ДЕНЕШЕН ДЕН  убиен е Стеван Наумов-Стив

 

На 12 септември, во 1942 година, од буграската окупаторска полиција, кај селото Болно, Ресенско, е убиен Стеван НАУМОВ-Стив, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден бил во Битола, на 27 октомври 1920 година. Неговото семејство водело потекло од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија. Завршил гимназија во Битола, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград, каде што бил примен за член на СКОЈ и на КПЈ.

Во Белград повеќе пати бил апсен, а по враќањето во Битола бил избран за секретар на Месниот комитет на КПЈ. Од таа позиција развил жива активност за формирање на партиски ќелии и привлекување на нови членови, а тоа особено дошло до израз во неговата активност во битолското претпријатие за преработка на тутун позната како "Монопол".

По Априлската војна 1941 г. работел на прибирање на оружје, муниција и друг воен материјал и на организирање на оруженото востание. Се спротиставил на решението на Методија Шаторов-Шарло за поврзување на македонската партиска организација кон БКП.

Сосема рано од периодот на окупацијата, во јули 1941 г., преминал во илегалност. Ја осмислил и организирал т.н. Илинденска демонстрација во Битола на 2 август 1941 г. Го организирал и раководел формирањето на Битолскиот партизански одред "Пелистер" во април 1942 г.

На 6 мај 1942 г. во Битола го убил полицискиот бугарски началник Александар Ќурчиев. Во јуни 1942 г. станал член и политички комесар на Оперативниот штаб на Народноослободителните и партизански одреди на Македонија.

Непосредно учествувал во формирањето на Битолско-преспанскиот партизански одред "Даме Груев" на 6 јули 1942 г. над ресенското село Златари. Ја раководел и учествувал во нападот на овој одред на полициската станица во село Кажани, Битолско, на 18-19 август 1942 г.

Загинал во борба со бугарската полиција, заедно со народниот херој Мите Богоевски. Бугарската полиција првин ги погребала во два гроба, потоа ги откопале и ги пренеле кај селската црква, а од тука потајно ги однеле кај селото Ѓавато и ги запалиле со бензин.

Прогласен бил за народен херој на Југославија на 29 јуни 1945 г.

 

НА ДНЕШЕН ДЕН  убиен е Димитар-Мите Богоевски

На 12 септември во 1942 година, од буграската окупаторска полиција е убиен Димитар /Мите/ БОГОЕВСКИ, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Мите бил роден во селото Болно, Ресенско, на 31 октомври 1919 г. Основно училиште завршил во родното село, прогимназија во Ресен во 1935 г., а учел во Трговската академија во Битола во периодот од 1935 до 1937 г. Бил поет, кој уште во училишните денови во Ресен ги напишал првите песни на македонски јазик. Во Трговската академија во Битола во 1937 г. станал член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. Истовремено, бил член на управата на Литературната дружина "Иван Гундулиќ".

Како студент на Високата комерцијална школа на Белградскиот универзитет станал и член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) во 1939 г. Поради недостиг на материјални средства, бил принуден да се врати во родното село во 1940 г. Тогаш станал член на Месниот комитет на КПЈ во Ресен во 1940 г.

Бил уапсен од српската полиција во Битола на 16 септември 1940 г. и спроведен во затворот Главњача. По бугарската фашистичка окупација извесно време работел во Општината во селото Јанковец, а се пројавил како еден од главните организаторите на антиокупаторската и антифашистичка борба во Преспанско. Бил секретар на Околискиот комитет на КПЈ за Преспа и дејствувал како илегалец. Учествувал во формирањето на Партизанскиот одред "Даме Груев".

Загинал во борба со бугарската полиција, заедно со народниот херој Стеван Наумов-Стив.

Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 август 1949 г.

borci 12.09

semejstvo

cveke Stiv Naumov 4

 

 

vmro

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани