2win800x200

Планирано исклучен првиот Блокот во РЕК Битола, информираат од комбинатот

Септември 12, 2018

РЕК Битола во текот на денот планирано ќе го исклучи првиот Блок од електроенергетскиот систем, поради проверки и отстранување на помали дефекти, информираат од комбинатот

„Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување на помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот, се наведува во соопштението од РЕК Битола.

Додаваат дека РЕК Битола ќе  продолжи континуирано да  производува  електрична енергија преку Блок 2.

„АД ЕЛЕМ во моментов произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство“, велат од РЕК Битола.

Вториот блок во најголемиот производител на струја беше ставен во функција во понеделникот по 47 дена редовен ремонт, по што во ремонтна активност влезе третиот Блок на Термоелектраната, која ќе трае до 15 октомври. Капитален ремонт на првиот блок беше направен од 10 мај до 25 јули.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани