2win800x200

АКТЕРКАТА МИЛИЦА СТОЈАНОВА Е ЛАУРЕАТКА НА НАГРАДАТА „ГОЛЕМА ЅВЕЗДА“ ШТО ЈА ДОДЕЛУВА ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИТЕ ПРОФЕСИОНАЛЦИ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 12, 2018

Македонската актерска  легенда Милица Стојановска е лауреат на наградата „Голема ѕвезда“,која ја доделува Друштвото на филмските професионалци на Македонија. Игор Иванов Изи рече дека ова е реалативно нова награда и во ДФПМ се согласиле дека  никако не треба да се доделува постхумно.

„Годинава наградата ја доделуваме на една легендарна филмска актерка која се појавува во филмовите на Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Столе Попов. Може да ја видите во „Исправи се Делфина“, „Среќна нова 49“, „Пред дождот“, “Оловна бригада“, пред некоја година во „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски и во краткиот филм „Види ја ти неа“ што доби награда на фестивалот во Санденс. Во 60-годишната професионална актерска кариера, 86-годишната Стојанова имала стотици театарски улоги, како и значаен број филмски и телевизиски, а најчесто играла лик на мајка, рече режисерот Игор Иванов-Изи, претседател на ДФПМ.

Наградата Голема Ѕвезда на македонскиот филм досега ја имаат добиено Сајмон Пери, Кирил Ценевски, Милчо Манчевски и Дарко Марковиќ.

Гена Теодосиевска, директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ рече дека фестивалот поминува низ интензивен период на подготовки.

„Во различните филмски програми имаме вкупно 95 наслови, имаме филмови од големи продукции селектирани на најголемите и најпознатите светски филмски фестивали, но и оние квалитетни уметнички продукции коишто може да се најдат на помалите филмски фестивали во Европа и светот.

39 издание на Фестивалот ќе биде отворен со светска премиера на најновиот краток филм, „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов Изи. А веднаш потоа, во чест на добитникот на Златната камера 300 за животно дело, кинематограферот Роџер Дикинс, ќе биде прикажан филмот „Истребувач 2049“. Во чест на филмската дива Клаудија Кардинале, надвор од официјалната конкуренција  ќе биде прикажан нејзиниот најнов филм  „Благородни лаги“, продукција на Поло Роси, покрај продуцентот во Битола ќе пристигне и една млада актерска екипа од овој филм.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани