2win800x200

Слем поезија магнет за битолските млади поети

Септември 14, 2018

Слем поезијата станува магнет за младите талентирани литературни творци, а ваквиот тренд ја враќа во мода поезијата. Во Универизтетската библиотека „Св. Климент Охридски“ денес беше промовирана збирката со слам поезија „Креирај-слемирај“, во која се објавени песни од битолски поети и млади творци.

„Пишував за дрогата бидејќи мислам дека со мојата песна можам да потикнам некој кој користи да се откажи, а оние кои не пробале да не го прават тоа“, рече Андреа Накоска, чија песна е наградена.

Слем поезијата е урбано и светско движење кое насекаде е познато, па станува актуелно и кај нас, а ние сакавме во нашиот град преку најмладите да го актуелизираме овој вид на поезија, рече Елена Богдановска, едукатор во проектот.

 

„Слем позезијата е различна од онаа поезија на која сме навинати од школските клупи. Слемот е една изведба, искажан збор полн со емоции и порака, поезија за подигнување на свеста кај сите луѓе и се пренесуваат силни мотивирачки пораки. Ова е изведба на поезија со микрофон, сцена , публика, движење, глума, буквално како театарска претстава , со повеќе креативни моменти и поезијата како начин на изразување,“ рече Богдановска.

Во збирката објавени се дваесетина песни за теми и проблеми кои ги тиштат младите, како што се политички влијанија, непотизам, младите и дрогата и друго.

„Во овој проект младите поети имаат можност да се изразуваат, да читаат и рецитираат сопствени оригинални дела. Ние како институција и понатаму ќе ги поддржуваме младите поети, само така ќе се гради мостот на развој и континуитет на книжевните генерации“, рече директорот Бојан Стефановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани