2win800x200

Партиски препукувања околу вработувањата во Клиничката болница во Битола

Септември 17, 2018

Има пропусти и застој во реализација на долго очекуваниот конкурсот за вработување на 30 лекари во Клиничката болница во Битола, обвинија на прес конференција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Од партијата посочија дека меѓу неисполнетите ветувања и стопирани отпочнати проекти е и акцелераторот за зрачна терапија во Болницата. Од СДСМ им возвратија дека претходната власт оставила пуштош во здравствениот систем и болницата и дека во нивно време немало вработување на толку импозантен број од 70 лица во болницата.

 

„И после еден месец од распишаниот конкурс за вработување и извршениот избор на кандидатите, избраните колеги сеуште не потпишале договори за вработување. Зошто сеуште оди тешко пријавувањето на избраните лекари во Агенцијата за вработување и на што се должи застојот и дали се работи за пропуст во доставување или усвојување на годишен план за вработување до Министерството за информатичко општество или можеби превид во можноста за буџетско покривање на ново вработените“, праша Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали се посреди меѓупартиски надмудрувања и пазарења? Дали е ова можеби уште еден облик на притисок врз младите колеги во очи на предстојниот референдум и можност бидат „предреферендумски почастени“- праша Коњановски.

Од СДСМ возвратија дека жалосно и трагично е оние кои го донесоа здраството во катастрофална состојба во Битола да излегуваат и да зборуваат токму за тоа.

„Се дрзнале и да лажат спомнувајќи некакви притисоци околу вработувањата. Треба да им е кристално јасно дека времето кога ВМРО-ДПМНЕ правеа пустош во здравството заврши, а со тоа и притисоците во него, кои беа едни од нивните главни начини на владеење. Огромни кредити земени за опрема која никогаш не се виде, недостигот на лекови, потценет труд на лекарите, руинирани здраствени домови, криминални тендери се само дел од одликите на нивното владеење“, возвратија од СДСМ преку соопштение.

Понатаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ја оставија Клиничката Болница во Битола без кадар и опрема, детско одделение со два педијатри кои ги исполнуваат условите за пензија, одделението за неврохируршки заболувања со само еден неврохирург, одделението за урологија со два ивршители, а во одделението за анестезија, гинекологија, инфективно, неонатологија како последица на недостиг на персонал доаѓаат доктори од други кадари заради неможноста да се   создадат специјалисти преку ноќ. Поради некадарноста на претходната власт, од СДСМ велат дека Клиничката болница премина во болница со понизок ранг, поради што транспортите на пациенти на Клиника во Скопје енормно се зголемиле.

„Со огласот за вработување што го споменуваат, се вработени 70 лица во Клиничката болница во Битола, од кои 30 доктори и 23 медицински лица. Сите ги поминаа соодветните тестови и интервјуа за што беа и соодветно рангирани, а единствен услов за работа беше нивната стручност. Во нивното дванаесет годишно раководење ваква ипмозантна бројка не постоеше ни како замисла, а камоли како реализација. Наместо да се одважат и да го пофалат овај податок, тие во нивни стил излегуваат со шпекулации и лаги што воедно го правеа и изминатите 12 години“ стои во соопштението.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани