2win800x200

Нема застој и политика во вработувањата, демант од Клиничка болница Битола за пресот на ВМРО-ДПМНЕ

Септември 17, 2018

Сите примени кандидати на конкурсот за вработување во Клиничката болница веќе имаат потпишано договор и се регуларно пријавени со исклучок на неколку кои треба да си го регулираат претходниот статус, пишува во демантот испратен од Клиничката болница од Битола на прес конференцијата што ја одржа ВМРО-ДПМНЕ дека имало застој во вработувањата. Менаџерскиот тим на болницата предводен од директорот Зоран Лазаров, во демантот посочуваат дека нивниот почитуван колега, д-р Тони Коњановски, кој зборуваше на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, изнел невистини како во делот на вработувањата , така и во делот за акцелераторот.

 

„Од 72 предвидени вработувања во Клиничка Болница Битола најголем број се здравствени работници, а во делот на немедицинскиот персонал вработени се кандидати на испразнети места на пензионорани лица.Сакаме да објасниме во однос на конкурсот за медицински персонал дека е објавен според Законот за здравствена заштита истиот е транспарентен и според сите законски правила кои ги налага овај закон.Во овај конкурс немаше никаква дискриминација по никаква основа.Кандидатите се избрани според постигнатите резултати од тестирањето ,успехот и извршеното интервју и врз основа на сето тоа е направена ранг листа.Сите примени кандидати веќе имаат потпишано договор и се регуларно пријавени со исклучок на неколку кои треба да си го регулираат претходниот статус.За одредени работни места има и приговори и се чека да измине законскиот рок предвиден според законот за здравсвена заштита“, пишува во демантот на раководството од Клиничката болница.

Понатаму додавата дека сите лекари кои беа избрани на конкурсот ќе имаат можност да конкурираат на огласот за специјализација за 2018 година адаптирана според потребите на болницата за соодветен кадар.Застојот нема никаква поврзаност со Законот за информатичко општество бидејќи вработените во клиничките болници не подлежат на тоа и се базираат исклучиво на законот за здравствена заштита.

Менаџерскиот тим на Клиничка болница Битола раководен од директорот д-р Зоран Лазаров упатува повик до: „нашиот почитуван колега д-р Коњановски кој го водеше пресот на ВМРО со изнесени навреди и невистини за Клиничка болница, за нејзиното работење, лично да разговара со новопримените кандидати и дирекно од нив да се информира и да заклучи дали се примени партиски или според квалитет кој е приотитет на овај менаџерски тим кој сега раководи .

„Од изјавата на пресот очигледно е дека и самиот д-р Коњановски спомена дека конкурсот е долгоочекуван но и поздравен од нивна страна што докажува кој е виновникот за недостигот на лекари во Клиничка Болница Битола во изминатите 12години“, пишува во демантот.

Во делот за акцелераторот ја известуваат јавноста дека бил набавен пред четири години од претходниот менаџерски тим и со доаѓање на овај менаџерски тим пред една година го затекнале неотпакован и немонтиран.

„Веднаш беше отпочнато со монтажа на истиот и отпочнато е остранувањето на техничките недостатоци на објектот нотирани од страна на испорачателот на опремата со кој овај менаџерски тим стапи во контакт. Сакаме да ја известиме македонската јавност дека во оваа година сме во втора фаза на монтажа бидејки неговиот процес е долготраен и следи трета фаза.Сакаме да знае јавноста дека застојот се должи и заради грешното планирање на соодветен кадар -персонал за работа од страна на претходниот менаџерски тим.Сега се работи и на екипирање на персонал и негова едукација“, пишува во демантот од Клиничката болница.

На крај додаваат дека со стапување на работа на овај менаџерски тим прво и основно им било тргање на политиката од здравството зашто пациентот не се дели според партиска определба и тој е на прво место во здравствениот систем. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани