2win800x200

Воведена интегрирана ветеринарна програма на фарми во општина Могила

Септември 21, 2018

Фарамата на сточарот Пеце Шамбевски од пелагониското село Радобор е пример за европска сточарска фарма. На неа според европски стандарди се одгледуваат 160 крави кои дневно даваат по два и пол тони квалитетно млеко. На неговата фарма денес беше склучено партнерство за развој и воведување на интегрирана ветеринарна програма. Со потпишување на меморандум за соработка Здружението за рурален развој ЛАГ Агро Лидер, Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет од Скопје отпочна иницијатива преку која на македонските сточари им се обезбедуваат нови локални услуги кои ќе ја зголемат нивната продуктивност и конкурентност.

 

„Во моментот имам 160 грла од кои сите се пуштени во систем слободни, тоа е нов европски систем, кравата да не биде врзана со синџир и да се измачува, туку да се движи слободно. Имаме бенефит од тоа. Два и пол тони на ден млеко даваат и осум и пол тона по крава на годишно ниво. Јас бев еден од сточарите кои имаа проблем со Сведмилк порано, заглавив, ама некако преживеавме , инвестиравме повторно во посовремени фарми. Ако современо се одгледува и стручно се работи, се живее некако. Ако се добива млеко на старите начини за одгледување на крави, прво е тешко, второ, кавлитетот е многу послаб. Мора да се осовременуваме, да го следиме Западот“, рече сточарот Шамбевски.42270762 479036922583787 4056284817921146880 n

Една од новите услуги со потпишувањето на прокетот е добивање на професионален софтвер кој ќе служи за потребите на сточарите, ветеринарите и млекарниците. Овој софтвер ќе ги содржи сите податоци за ветеринарните услуги и здравјето на животните на фармите што е од особено значење за квалитетни сточарски претхрамбени производи.

„Без нови технологии во сточарското производство, живеејќи во овој свет на глобализација каде конкуренцијата е немилосрдна, не може да држи чекор со развиените економии и затоа ваквите проекти се во интерес на фармерите, но имаат и пошироко значење во однос на демографијата и сочувување на нашите села“, рече Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Градоначаничката на Општина Могила, Јасмина Гулевска изрази надеж дека со воведувањето на вакви современи трендови во сточарското ќе се придонесе за развој на сточарските фарми.

„Општина Могила се наоаѓа во Пелагониската рамнина и примарна дејност е земјоделството, но секако не заостанува ни сточарството. Од 180 актовни фарми сите во приватна состственост, поголемиот дел се заминаваат со сточарска дејност. Со цел овој проект веруваме и се надеваме дека ќе се воведат нови практики кај сточарите и ќе се зголеми конкуренцијата на пазарот“, рече градоначалничката Гулевска.

Прокетот е поддржан и од УСАИД, а директорот на Канцеларијата за развој, Едвард Гонзалез рече: „ Оваа заедничка иницијатива е проект за да ги адресира потребите на фармерите и е пример како може локалната заедница да придонесе за развој на прокети. Ова е иницијатива која потекна од заедницата и е наменета за заедницата и е пример како може локални заедници да се обединат за да се развива еден регион“.42202484 305170506951680 8947892581086265344 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани