Webp.net gifmaker

Колку пари должи општина Битола?

Октомври 13, 2017
Општина Битола Општина Битола

Битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој имаше навика да прави отчети за сработеното, на завршувањето од мандатот не даде отчет дали должи Општина Битола и колку, пренесе порталот sdk.mk. Од општина Битола им било кажано дека за да се добијат информација за тоа колку е долгот, треба да достават Барање за слободен пристап до информации, зашто било време на изборна кампања. Брање доставиле, па очекуваат одговор, но ако се земе предвид дека рокот за одговор е 30 дена, информацијата ќе треба да ја даде следната локална власт.

 

Порталот пренесува дека во меѓувреме, Центарот за култура во Битола е првата институција која јавно соопшти дека Општината ѝ должи пари.

„Општина Битола на Центарот за култура му должи 100.000 денари за манифестацијата Илинденски денови која се одржа во август годинава. Тоа беа пари што Општината ги дава на Центарот како помош за оваа интернационална манифестацијата, но сè уште не сме ги добиле“, рече директорот Зоран Димовски.

Од колицијата предводена од СДСМ најавија дека ако ја освојат локалната власт ќе направат ревизија на досегашното работење на Општината.

„Прецизни бројки за тоа колку должи Општина Битола немаме во моментот. Но, од контакти со граѓани, од луѓе кои соработувале Општина Битола добиваме фрапантни податоци за долговите. Кога ќе ги дознаеме, ќе ги соопштиме. Некои граѓани велат дека им се должи и по година дена“, вели Валентин Груевски, носител на кандидатската листа со советници од СДСМ и колицијата.

На интернет страницата „Мојот избор“ на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), објавен е податок дека новиот градоначалник на Општина Битола  ќе наследи општински долг од 17.343.339 денари.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани