2win800x200

КЛАУДИЈА КАРДИНАЛЕ ЈА БАКНА ЗЛАТНАТА КАМЕРА 300, А РОЏЕР ДИКИНС ЈА ОБЛЕЧE ФЕСТИВАЛСКАТА МАИЦА

Септември 22, 2018

Битола вчера вечер беше центар на филмскиот свет. Филмската дива Клаудија Кардинале со својата непосредност и срдечност ја фрли филмската магија врз присутните. За разлика од други големи филмски ѕвезди кои присуствувале на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, а до кои било тешко да се добереш, Клаудија се појави на црвениот тепих насеана и расположена за новинарски прашања.

Рече: „Имам 80 години, но сѐ уште работам зашто тоа ми овозможува да живеам многу животи“.

 

                   18                                               

На црвениот килим и на свеченото отворање, лауреатот Роџер Дикинс се појави со елегантен костум, и со црна маица со логото на фестивалот. Битолчани тоа го забележаа и го замолија да го фотографираат, а тој со задоволство и стрпливо позираше во маицата на „Браќа Манаки“

Гужвата на црваниот тепих ја подгреа атмосферата. За разлика од изминатите години, овој пат може да се каже дека имаше многу гости кои продефилираа и застанаа да се сликаат. Меѓу нив и многумина битолчани, кои до лани ги имаше помалку.

Во Центарот за култура Клаудија Кардинале ја пречека министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој рече дека му е пријатно да се занимава со нешто што не е чиста политика.

На отворањето, салата беше полна гости, до последно седиште. Перформансот, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, на отворањето, годинава помина во знакот на магијата на филмот и беше посветен на мотото на фестивалот „Симнуваме капа“. Актерката Јелена Јованова потоа ја презеде водителската улога и ги презентираше наградите.

Полната сала во Центарот за култура, со стоечки аплаузи ги поздрави годинашните лауреати меѓу кои и македонската актерка Милица Стојанова која е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија.

Гена Теодосиевска, директор на ИФФК „Браќа Манаки“ прва ги поздрави присутните љубители на филмската уметност.

-Воопшто не е лесно вечерва да се стои пред вас кои работите на филмот, не е лесно и да се биде директор на овој Фестивал бидејќи зад мене стојат оние кои го трасирале патот на овој фестивал. Секако дека резултатот што следи оваа година се деведесет и пет наслови во 14 програми, резултат создаван 39 години, рече Теодосиевска.

Таа се заблагодари на Друштвото на филмските работници на Македонија, на Агенцијата за филм на РМ и на сите филмаџии кои ги отстапија своите филмови да бидат дел од нашата програма.

-Велат филмот треба да им припаѓа на сите. И јас така сакам тоа да биде. Но, велат и дека знаењето ќе го спаси светот. Не го велам тоа туку-така, бидејќи мислам дека досега овде не доведе, до ова 39. Издание, нечие предзнаење и затоа мислам дека ние од 30-то издание натаму ќе го направиме уште поголемо тоа знаење, истакна директорката Теодосиевска.

Од името на градот домаќин, Битола и од битолчани, градоначалникчата Наташа Петровска, им посака добредојде на присутните во Битола.

-Фестивалот е значаен за битолчани, но и значаен за целиот свет затоа што потврдува како може да му се пркоси на времето и потврдува дека и четвртата димензија има релативитет. Добрата фотографија може така умешно да гоулови мигот да ја скрши минливоста, да се разлее во вечноста, како ништо друго поинаку. Оттаму мојот длабок поклон до сите кинематографи, но и до сите наши добитници вечерва кои што потврдуваат дека ваквите вредности се вредности кои треба не само да им се поклониме туку да ги пратиме во вечноста. Уживајте во седумте фестивалски вечери, бидејќи животот е премногу краток, порача Петровска.

Добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, скромниот маг со камерата Роџер Дикинс ја прими наградата од директорката на фестивалот Гена Теодосиевска. Таа истакна дека кинематограферите додека снимаат се како вистински ѕвезди и тешко е да се дојде до нив и се заблагодари што на фестивалот му била дадена можност Роџер да биде оваа вечер во Битола.

-Кога стојам овде пред вас се чувствувам дека сум на погрешната страна од камерата. Повеќе би сакал да бидам зад неа. Мислам дека Фестивалот трае исто толку години колку што јас снимам филмови. Многу ми е драго што сум дел од оваа историја затоа што познавам многу луѓе што предтходно биле тука, но јас досега немав можност да дојдам. Пресреќен сум што станувам дел од оваа историја, рече Дикинс.

На Клаудија Кардинале, пак наградата „Специјална златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност и’ ја врачи министерот за култура, Асаф Адеми.

Таа во кусото обраќање се заблагодари на наградата, ја нарече прекрасна и се заблагодари на Фестивалот што и’ ја додели наградата.

На македонската актерка Милица Стојанова, која годинава е лауреат на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија, наградата и’ ја врачи Игор Иванов Изи, претседател на ДФРМ.

-За нешто помалку од две години Друштвото на филмските работници на Македонија ќе прослави 70 години постоење, а за само една година од денеска ќе прославиме 40 години од нашиот најврвен приоритет и најголем проект, филмскиот фестивал„Браќа Манаки“. „Големата ѕвезда на македонскиот филм“ досега беше привилегија на оние кои блескаат зад големото платно. Оваа година направивме исклучок. Наградата ја доделуваме на актер и тоа на некој што и покрај целата стигматизација на жената во балканските, посебно во македонската кинематографија успеа да блесне на големото платно, рече Игор Иванов, директор на Друштвото на филмските работници на Македонија, кој го врачи признанието.16

Заблагодарувајќи се за добиеното признание, Стојанова истакна дека ДФРМ усшеале да го согледаат нејзиниот труд пред камерата и така да стане лауреат на оваа престижна награда.

-Оваа награда многу ми значи затоа што се разликува играта пред камера од театарот, но таа е еднаква по уметничкиот предизвик. Им благодарам на сите филмски режисери и телевизиски режисери ко ми пружија можност да се сплотам со животот на разни луѓе пред камерите, рече Стојанова.

Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е покровител на фестивал не беше во можност да присуствува на Фестивалот и со телеграма им честиташе на сите добитници на наградите од светот на филмот, а на филмофилите им посака исполнет престој во Битола и незаборавни мигови пред филмското платно.

По свеченоста на доделување на наградите, присутните имаа можност да ја види светскста и македонска премиера на краткиот филм „Љубовникот“ во режија на Игор Иванов – Изи, а потоа филмската екипа: Томи Салковски, Дејан Димески, Наталија Теодосиева, Сашо Петровски, Марија Апчевска се поклони пред публиката.

Во чест на лауреатот на Златна камера 300, кинематограферот Роџер Дикинс филм за отворање беше „Истребувач 2049“ за кој то го одоби Оскарот за најдобра камера. Но, дел дел од публиката замина за време на проекцијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани