Повторно ставени во функција амбулантите во пет битолски села

Септември 25, 2018

Жителите во пет битолски села  од денеска повторно  можат да добија здравствени услуги во руралните амбуланти. Објектите кои некогаш служеле за оваа намена,  во минатото биле затворени и оставени да пропаѓаат, а сега повторно се ставени во функција. Медицински тим, составен од доктор и медицинска сестра,  во определен термин во текот на неделата, ќе обезбеди примарна и превентивна здравствена заштита за жителите на селата Доленци, Цапари, Породин, Лопатица и Бач. Од Здравствениот дом во Битола најавија дека за скоро време ќе биде вклучен и втор медицински тим кој ќе работи во овие амбуланти.

- Засега населението ќе има еднаш неделно отворена амбуланта, но со вработувањето на вториот тим, ќе имаат двапати во неделата функционална медицинска заштита. Покрај прегледите, пациентите ќе можат да добиваат и ЕКГ услуги, мерење на гликемија, консултативни прегледи, а во иднина се размислува и за теренско делување кај немоќните пациенти. Проектот ќе биде во неколку етапи, а ова е само почеток, рече директорката на Здравствениот дом Битола, д-р Весна Спировска.

42492797 237244136969525 8500844729624166400 n

Прегледите во селата каде нема амбуланти досега се вршеа на крајно недостоинсвен , но и нефункционален начин, како за пациентите, така и за лекарите, односно здравствените услуги се даваа на улица или во несоодветни објекти.

-Со ставањето во употреба на овие амбуланти, пред се, му се враќа приватноста на пациентот при извршување на лекарските прегледи, а со тоа се враќа и достоинството на лекарите, кои досега вршеа прегледи на улици, кантини, во школи за време на летни распусти, ситуација која што навистина не наликуваше на ништо, додаде Спировска.

42498669 292955118201483 4061417269480128512 n

Проектот е во соработка со Министерството за здравство и претставува почеток во развојот на примарната здравствена заштита, односно можноста на секој жител во Македонија да ја добива оваа здравствена услуга, а Општина Битола, даде поддршка за инфраструктурно уредување на објектите.

-На овој начин практично им се олесни на локалното население согласно нивните потреби од здравствената сфера, да ги добијат здравствените услуги во овие пет објекти. Покрај олеснителната околност за локалното население, ќе се намалат  и гужвите кои што ги има во здравствените установи во градот, што претставува взаемен бенефит. Севкупната поддршка која што можеше да ја даде Општина Битола во инфраструктурното уредување, како на пример водовод во амбулантата во селото Породин, целосно ја даваше во сите амбуланти“, рече Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

42611741 266651550625852 5487365245183721472 n

Во обновувањето на веќе постоечките објекти, придонес даде и локалното население, кое се вклучи во активностите амбулантите повтроно да бидат ставени во функција. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани