12 проценти излезност во Битола до 11 часот, раздвиженост на гласачките места и низ градот

Септември 30, 2018

До 11 часот на гласачките места во Битола гласале 12 проценти од граѓаните со право на глас, потврдија од Општинската изборна комисија. Во Општина Новаци гласале 7, 2 проценти од гласачите, додека во Демир Хисар излезноста е 8, 7 проценти до 11 часот. Во Могила засега гласале 3,16 проценти од гласачите. Полека битолчани се будат, па раздвиженоста се чувствува и на гласачките места и низ градот. За разлика од утрово кога градот беше речиси празен, а пред гласачките кутии можеа да се забелажат само пензионери сега ситуација се менува од час во час. 

На гласачкото место број 73 во Завод и музеј Битола, во моментов е раздвижено, битолчанката Наде Д. кусо  коментираше, 

-Има време денеска и за ајвар и за гласање!received 492723741201681

Низ Широк сокак  битолчани веќе се седнати на првото утринско кафе и муабет, а раздвиженост се чувствува и низ продавниците и градскиот пазар.received 764893067181042

Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани