„Кока Кола активна зона“-донација од Скопска пивара за битолчани

Октомври 05, 2018

Денес  во „Паркот на шампионите“ во Битола, во близина на Ќумурното игралиште,  е поставена   „Кока кола активна зона“ , проект на Пивара Скопје и компанијата Кока Кола, кој се реализиара трета година по ред.  Станува збор за четиринаесеттата активна зона, која е бесплатна и достапна за употреба 24 часа на ден,  каде граѓаните од сите генерации  ќе можат да се рекреираат и да се дружат.

-Среќни сме што денеска, во Битола, продолжуваме со реализација на добро познатиот  проект  „Кока Кола - Активни зони’. Со оваа, 14-та Активна зона по ред, битолчани им се придружуваат на илјадниците граѓани ширум Македонија кои ќе ги ползуваат придобивките од ова место и ќе се дружат со своите сограѓани со кои делат исти навики и имаат исти интереси. Пивара Скопје и компанијата „Кока Кола“, продолжуваат со реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на граѓаните, како постулат за создавање и одржување на силно општество, сега, но и за во иднината“, изјави Марија Мининчиќ,  менаџер за корпоративни комуникации во Пивара Скопје.

002

На настанот по повод отворањето на 14-тата по ред „Кока-Кола Активна зона“ присуствуваа  претставници од битолските спортски друштва, жители од сите генерации, како и претставници од локалната самоуправа.

001

-Нашето партнерство со Пивара Скопје бележи долгогодишна традиција, па овие проекти доаѓаат како логичен редослед преку кој заеднички покажуваме како на дело изгледа добрата соработка. Како една од најуспешните општини во Македонија на спортски план, навистина сме благодарни што Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола  го препознаа нашиот успех и токму нашата општина е дел од 5-теопштини кои годинава добиваат Активни зони. Ова е навистина прекрасен проект кој на сите категории на граѓани им овозможува простор за рекреација, релаксација и дружење, а како содржина, претставува одлично надополнување на нашиот „Парк на шампиони“,  изјави  Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола.

006

Проектот „Кока кола Активни зони“ кој започна во 2016 година е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Кока Кола“. Во рамките на проектот, досега беа поставени 13- активни зони за жителите на Скопје, Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а наскоро ќе биде поставена уште една Кока Кола  Активна зона, со која ќе се заокружи третиот циклус на проектот за 2018 година.  Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Кока Кола“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Кока Кола  фудбалскиот куп“ и бесплатните паркиралишта за велосипеди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани