2win800x200

Раскинат договорот меѓу Болницата и Градски паркинзи

Октомври 10, 2018

Раскинат е договорот меѓу Клиничката болница од Битола и фирмата „Градски паркинзи“ за стопансување со паркинг местата во кругот на Болницата. Од Клиничката болница соопштија дека во најбрз можен рок паркингот ќе го превземат во целост.

„Сакаме да ги замолиме нашите пациенти за поддршка и разбирање за метежот кој би можел да настани во следниот период со паркирање на автомобилите во дворот на болницата. Стручен тим од болницата многу бргу ќе го превземи паркингот и ќе го стави во владение со што ќе се воспостави ред со паркирањето“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.

Болницата планира да го поправи и преасфалтира дворот пред установата.

Од Клиничката болница уште пред неколку месеци се пожалија на концесионерот поради неисполнување на обврските по договорот за одржување на пристапните патеки до паркинг местата во кругот на болницата. 43647275 2289818827714898 7467412200194310144 n

43741185 237468677126388 6761828757989752832 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани