2win800x200

Место на гласање завршила на лекар

Октомври 15, 2017

Повозрасната битолчанка М.И. денес наместо на гласање заврши на лекар откако се засопна на искршените скали кои водеа до гласачкото место во месната заедница „Вељко Влаховиќ“ на улица „Питу Гули“ во Битола.

 

Жената ја затекнавме претпладнево како доаѓа на гласње и додека се искачуваше на скалите, се засопна на дел од искршениот бетон и падна. Од падот ја повреди десната рака, а други битолчани кои во моментот излегуваа од гласање, нејзини соседи  и помогнаа да стане. По ова наместо на гласање, со возилото ја однесоа на болница.  

Скалите на ова гласачко место се оштетни и при мало невнимание може да дојде до пад. Иако во оваа месна заедница има три гласачки места и поголема фрекнвенција на гласачи, сепак, скалите не беа навреме поправени. На гласачите им останува добро да си ги отворат очите.

                

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани