„Кромберг и Шуберт“ донираше училишна опрема во ОУ „Елпида Караманди“

Октомври 24, 2018

Анатомски прилагодени столчиња и маси, кои можат да  се подесат  на висината на учениците, изработени по европски стандарди, донираше денеска компанијата „Кромберг и Шуберт“ во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола. 

-Сакама да ја истакнам нашата голема благодарност до компанијата „Кромберг и Шуберт“ за доделената донација, која досега повеќепати докажала дека е општествено одговорна. Со училишниот мебел ќе се опремат 2 училници за нашите најмали ученици од прво одделение и еден кабинет од предметна настава. Во период на голема задолженост на училиштето, со блокирани сметки кога со големи напори се трудиме да ги задоволиме основните потреби за средства за хигиена, креди и хартија, оваа донација посебно не израдува и е повеќе од добредојдена“, изјави Татјана Дамчевска, директорка на ОУ „Елпида Караманди“-Битола.
 
el2
 
e1
 
e3
 
 
 
e5
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани