Иванчо Тошевски, ВМРО-ДПМНЕ: Наташа Петровска потроши една година од мандатот за да осознае кои се нејзините обврски

Октомври 24, 2018

Наташа Петорвска зборува како да е на предозборен митинг, како да не е власт, туку да е во опозиција, рече Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ по обраќањето на градоначалничката Наташа Петровска во Советот на Општина Битола, на седницата за ребаланс на Буџетот

-Од оваа говорница Петровска како да му се обраќаше на некој замислен противник, па ја советувам да го повика на јавна дебата и да му каже тоа што сака да му го каже. Тоа што Наташа Петровска го работи или не го работи, треба да му се допаѓа на оние што ја гласаа, но и на оние што не гласаа за неа, бидејќи е градоначалник на сите. Од нејзиното обраќање слушнавме дека една година потроши само да осознае кои се обрвските од функцијата градоначалник. Од Петровска видовме само една класична узурпација на говорницата на Советот , а не искрена и отворена дискусија за ребалансот на буџетот. Слушнавме како градоначалничката најави дека во текот на утрешниот ден планира отчет, па ете ѝ порачуваме дека насловот на тој отчет треба да биде „Една година Наташа Петровска, ниту еден метар асфалт со општински пари“, а за насловна фотографија да бидат овие автобуси позади нас,  зашто тоа е реалната слика за едногодишното владеење на Наташа Петровска во Битола. Имаме една година со нула проценти на гасификација, нула проценти реализација на стадионот, прочистителна станица нула проценти реализација. Едноставно нема со што да се пофали освен со неработење, рече Тошевски од говорницата во општинскиот Совет. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани