2win800x200

„Логинг Електроникс“ – Скопје со донација на дидактичка опрема за СОТУ „Ѓорѓи Наумов“-Битола

Октомври 26, 2018

Во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“оваа учебна година е отворен нов кабинет за микро-контролери и микро-компјутери за кој училиштето,како донација, доби дидактичка опрема од компанијата „Логинг Електроникс“ од Скопје.

Донацијата се состои од повеќе „Ардуино“ развојни микро- процесорски системи кои значително ќе ја осовременат наставата по стручните предмети за образовните профили електротехничар за електроника и телекомуникации и електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Со оваа донација училиштето ќе биде во чекор со современите технолошки трендови што сигурно уште повеќе ќе го привлече интересот на младите генерации да го изберат стручното образование како своја иднина.

Ваквите активности помеѓу СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ и  ДОО „Логинг Електроникс“ се резултат на потпишаниот меморандум за соработка од 16 мај 2018 г. од страна на Златко Крстевски, генерален менаџер на „Логинг Електроникс“, и в.д. директорот на СОТУ Ѓорѓи Наумов, Владимир Роме.Наведената донација е реализирана во рамките на акцијата „Технологија за тебе“ која ДОО „Логинг Електроникс“– Скопје ја спроведува со цел да помогне во образовниот развој на средношколците од електротехничката струка. Од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“изразуваат благодарност за донираната опрема која на учениците им овозможува да бидат во тек со употребата на новите технолошки уреди во брзорастечкиот свет на напредните технологии.

На овој начин раководниот тим на Училиштето го продолжува воспоставениот тренд на модернизација и афирмација на оваа образовна институција која има водечка улога во сферата на средното образование за техничките струки во регионот.88

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани