Ноември 13, 2018

Меѓународен турнир во шах за слепи лица во Битола

Ноември 03, 2018

Слепи и слабовидни лица од целиот Балкан кои се љубители на шахот денес присуствуваа на турнирот во шах што традиционално се одржува секоја година по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември.

„Релјефниот шах е поразличен. Фигурите се ставаат во дупчиња со дрвце надолу за да не паѓаат. Шахот го играме со допир и со говор. Има играчи кои ја знаат цела релјефна табла на памет и сите потези ги знаат пред време. Еден релјефен шах заедно со часовник чини од 200 до 300 евра. Во Македонија вакви шахови нема, туку се набавуваат од странство и се скапи“, рече Стевче Костадиносвки од Здружението на слепи лица од Битола.

 

Турнирот е помогнат од Општина Битола, а кон средината на месецот се очекува во градот да биде отворен и Ресурсен центар за возрасни слепи лица.

„Покрај шах постои и домино за слепи, не лути се човече, релјефни карти, а компјутерот со брајово писмо чини седум илјади долари“, вели Костадиновски.

На Турнирот најбројни беа гостите од Србија.

„Здруженијата на слепи лица од Битола и Лесковац од Србија се збратимени половина век. Ваквите дружби многу ни значат зашто немаме некој голем избор на места со соодветна друштвена забава кои можеме да ги посетиме. Кај нас во Србија многу од слепите играат шах, шахот ни е игра број еден за дружење во Србија. Имаме и школа за шах, па четворица млади со оштетен вид се прваци во Србија. Инаку во Здружението се повеќе доаѓаат постари лица кои го губат видот од дијабетес“, вечи Милиовоје Ѓоќиќ , претседател на Организација на спели од Лесковац, Србија.

Во Битола годинава се одржа и Олимпијадата во шах за слепи лица. Во градот има и двајца битолчани со оштетен вид кои се врвни шахисти. Едниот е првак во Македонија и освоил петто место на светско првенство, а другиот бил шести на Олимпијадата.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани