Ноември 13, 2018

Ученичката Ана Долевска од ОУ „Трифун Пановски“со најмногу освоени поени на 18. Општински натпевар „Млади библиотекари“- 2018

Ноември 05, 2018

Ученичката Ана Долевска од ОУ „Трифун Пановски“освои најмногу поени на 18. Општински натпевар „Млади библиотекари“- 2018 што на 2 ноември се одржа во  Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. На натпреварот  зедоа учество ученици од основните  училишта од Битола и по  еден ученик од училиштата во  с. Бистрица, с. Новаци, с. Могила, с.Добрушево и с.Долно Српци,  со вкупно петнаесет  претставници.

-Според утврдените правила за овој натпревар на 19. Републички натпревар „Млади библиотекари“ што ќе се одржи во Народната библиотека „Илинден“ – Демир Хисар на 16.11.2018 г., ќе учествува ученичката од ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, која освои најмногу бодови, а тоа е:  Ана Долевска со освоени 105 бодови од вкупно 117, информираат од Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Тричлената комисија што ги оценуваше натпреварувачите беше во состав: претседател Илче Стојановски, виш библиотекар, член Гордана Пешевска, библиотекар советник и член  Александар Крстев, библиотекар.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани