Ноември 13, 2018

Развој на претприемништвото, стоп за иселувањето на младите од државата

Ноември 05, 2018

Во последните години се повеќе млади се одважуваат да започнат свој бинзис, но сепак не е лесно зашто Македонија е земја сѐ уште во транзиција, излегуваме од еден минат систем каде имате пред сѐ родители дома кои викаат дај да ве вработиме некаде плата да се земате и осигурување. Ова го кажа Димитар Ристосвки, извршен директор на Европска бизнис асоцијација на денешната јавна дискусија по повод Европската недела на претприемништвото. Јавната дискусија беше во организација на МКЦ Битола, а на тема „Претприемничкиот дух кај младите, можност за развој на нови бизниси“.

 

„Во тој момент кога полека ќе го снема ваквите убедувања за вработување во државно, кога ќе имаат и дома поддршка и од пријателите и од целокупниот систем, ќе се сменат работите. За среќа во последните неколку години трендот кај млади луѓе кои се одлучуваат да започнат свој бизнис се зголемува. Тоа се должи на развојот на информатичките технологии, полесен пристап до финансии, полесен проток на идеи, полесно здружување помеѓу младите. Имаме позитивен тренд во финансискиот сектор, се повеќе банки одлучуваат да финансираат старт ап компании. А локалната самоуправа и држвата да ја овозможат инфраструктурата за тие компании, преку основање на бизнис инкубатори, старт ап акцелератори“, рече Ристовски.

Тренд во овој момент за за отворање бизниси се инфорамтичката и сервисната индустрија.FWEFWEFWEF

„Наша интенција е преку отворањето на нови бизниси да поттикнеме стоп на иселувањето на младите од државата, голем проблем што ја мачи Македонија и регионот воопшто и очекуваме дека ќе се намали бројот на млади квалитетни кадри да се иселуваат од државата“, рече Сашо Додовски од Младинскиот културен цемнтар –Битола.

Ова беше по десетти пат МКЦ во сорабтка со Европската бизнис асоцијација и со Општина Битола да ја одбележува Европската недела на претприемништвото, глобален настан што се реазлизира ширум Европа и светот за да се поттикнат претприемачите и претприемничкиот дух кај луѓето. Битола покрај Скопје единствен град во Македонија што ја одбележува оваа европска недела со надеж дека ќе поттикнат и бизнисмените и младите претприемачи да се одлучат да инвестираат во сопствен бизнис и да отворат нови работни места и да придонесат кон подобрување на стандардот во државата.

45494895 1874776105909280 6752686864265641984 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани