Ноември 13, 2018

Советниците од Советот на Општина Битола се регистрираа во системот е-персонален данок

Ноември 06, 2018

Управата за јавни приходи ја  продолжува кампањата со која ги анимира граѓаните да ја исполнат  својата законска обврска електронски да се регистрираат во системот е-персонален данок на доход  во УЈП, најдоцна до 31 декември годинава. Членовите на Советот на Општина Битола денеска со помош на мобилен тим од Регионалната дирекција на УЈП во Битола се регистрираа на e-pdd.ujp.gov.mk, како дел од оваа кампања.

-Сите се сеќаваме на турканиците пред шалтерите а УЈП кога во изминатите години граѓаните поднесуваа Годишни даночни пријави. Сега со новиот начин се олеснува прцедурата, а тимот на УЈП е тука да ни објасни на кој начин треба тоа да го направиме и како да се регистрираме во системот, рече Валентин Груевски, претседтел на Советот на Општина Битола.

Се што треба да имаат граѓаните за електронската регистрација е валидна меил адреса, по што следната година ќе немаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава, туку сите пресметки за претходната година ќе ги изработува УЈП. Потоа УЈП  најдоцна до 30 април 2019  даночната пријава  ќе ја испрати електронски до граѓаните. Тие ќе треба да ја потврдат точноста на податоците или да ги корегираат и повторно електронски да ја вратат Годишната даночна пријава во УЈП.

-Преземаме вакви активности со цел да го имплементирме проектот, поедноставување на процедурите за пријавување и пресметување на персоналниот данок на доход. До 2017 сите граѓани кои остваруваат приходи по било кој основ беа обврзани до 15 арт следната година да го пријават приходот за претхдната година, но на почетокто на 2018 година донесени се измени во Законот за персонален данок од доход и оваа обврска за граѓаните престанува, со што УЈП врз основа на подтоците кои што ги прибира во текот на годината ќе врши пополнување на Годишата дночна пријава на сите оние граѓани кои што остваруваат приходи, рече Иванка Ристевска, директор на Регионалната дирекција на УЈП во Битола.

Обврска за регистрација во системот имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ – плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивка од игри на среќа, од странство, пензија и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход.

Олеснување во процедурата ќе има за пензионерите, кои освен пенизјата немаат други приходи.

Тимовите на УЈП им  стојат на располагање на сите граѓани на кои им треба помош за да се регистрираат во системот е персонален данок од доход. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани