2win800x200

Конечно книжарница во Битола!

Ноември 15, 2018

Во сабота на Широк Сокак во Битола ќе се отвори книжарница на „Литература.мк“. Отворањето е закажано за 12 часот. Стартот на новиот продажен простор ќе биде одбележан со концерт на познатата битолска група „Фолтин“, коктел-забава, како и многубројни изненадувања за најмладите.
На денот на отворањето во книжарницата ќе има специјален попуст од 30 отсто на сите изданија на „Арс Ламина – публикации“.

Во простор од 20 m2, со модерен, артистички уреден ентериер, книжарницата „Литература.мк“ ќе ги донесе светските книжарски трендови и во Битола. Со ова, градот на конзулите конечно ќе добие книжарница по светски терк. Во неа ќе биде застапена литература за целото семејство. На полиците на книжарницата ќе може да се најдат познати домашни и светски наслови, од најголемите издавачки куќи кај нас. Ќе биде понуден голем избор од белетристиката, стручната литература, книжевност за деца и едукативни материјали.

Како веќе препознатливо место за страсните љубители на книгата, вљубеници во пишаниот збор и талкачи низ бескрајниот литературен простор, „Литература.мк“ ќе понуди богата програма, разни случувања и содржини наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели.

Почнувајќи од 17 ноември продажниот простор на „Литература.мк“ сместен на Широк Сокак 40, во Битола ќе работи од 9 до 21 часот, од понеделник до сабота.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани