2win800x200

Срна на утринска прошетка на првиот снег на Пелистер

Ноември 17, 2018

Системот за мониторинг на крупен дивеч поставен минатата недела на Пелистер, утрово регистрираше срна која се шета на првиот снег во Националниот парк.

 

Фотографијата доловува дел од убавините на Пелистер, планина со исклучителна флора и фауна.

Системот за мониторниг на крупни месојади во НП Пелистер, беше инсталиран на 8 ноември годинава. Тим составен  од експерти за мониторинг ангажирани од ЦеПроСАРД и ренџери вработени во паркот поставија 10 фото замки на повеќе локации на територијата на паркот.

Овој систем е набавен во рамки на проектот и е наменет за мониторинг и заштита на кафеавата мечка (Ursus arctos), рисот (Lynx lynx) и волкот (Canis lupus).

Набавката на системот кој покрај камери содржи компјутерска и друга пропратна опрема е спроведена во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“ 

Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер, како дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП.

pelister

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани