Од ВМРО-ДПМНЕ во Битола молк, поразениот Зоран Илиоски се обрати преку фејсбук

Октомври 16, 2017

По завчерашниот пораз на локалните избори, владее молк од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Од партијата немаа ни јавно обраќање, а нивниот поразен кандидат за градоначалник Зоран Илиоски до граѓаните се обрати преку фејсбук.

 

Тој напиша дека гласачкиот систем во земјава се уште е  далеку од совршен и остава простор за отстапувања и манипулации, но изразената волја на граѓаните мора да остане светост која треба безусловно да се почитува.

Им честитам и на сите кои се чуствуваат како победници и ги потсетувам никогаш да не забораваат дека зборот "честитам" доаѓа од зборот "чест", а честа е нешто што тешко се стекнува, многу обврзува и треба многу напор за да се сочува. Честа значи чесност - кон народот и кон државата кои многу претрпеле да си ја сочуваат честа да се биде Македонец - со име и презиме, со јазик и јасно дефиниран идентитет. Немојте никогаш да заборавите и дека Битола е на сите и тоа "сите" треба да значи почит, толеранција, помагање кон секој поединец, без оглед на сѐ, напиша Илиоски на фејсбук.

Тој на овие локални избори освои 13 662 гласа помалку од кандидатот на СДСМ, Наташа Петровска, која победи во првиот круг.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани