2win800x200

Не само што го читаат „Белото Циганче“, ученици од Битола ја посетија и родната куќа на Видое Подгорец

Ноември 19, 2018

Не само што го читаат „Белото Циганче“ од познатиот детски писател Видое Подгорец, ученици од Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола ја посетија и неговата родна куќа во струмичкото село Колешино. Тие учествуваа на литературната манифестација „Средба под јаворите“, во рамки на која на поетскиот конкурс „Денови на Подгорец“, осум годишната ученичка Леона Марковски од ОУ „Елпида Караманди“, под менторство на наставничката Гордана Угриновска, освои втора награда во категоријата на ученици од второ и трето одделение. На конкурсот имаше околу 600 пријавени творби во три категории од ученици од второ до деветто одделение.

 

По родната куќа, учениците и наставниците го посетија и училиштето „Видое Подгорец“ во родното село на авторот , Колешино, каде засадја и дрво на другарството и пријателството. Со тоа и се обврзаа присутните на повторна средба и продлабочување на соработката и учество на литературната манифестација со цел да прерасне во традиција и да прерасне во меѓународна манифестација со учество на соседните држави, ако не и пошироко.

„На манифестацијата писателот Киро Донев рече дека иако се одржува по 17 пат му се чини дека годинава е првпат токму поради променетиот изглед на фестивалот на детска литература. Тој со многу емоции говореше за зачетокот на овој литературен фестивал, кој идејно тргнал од една група блиски луѓе на Подгорец и првите години во фокусот бил симпоизумот за неговото творештво„, рече наставничката Гордана Угриновска.

Најголемиот дел од активностите се одржаа во НУЦК „Антон Панов“. „Просветно дело“ кои се дел од организацијата на манифестацијата организираа советување за наставниците за Употребната вредност на литературата за деца во списанијата „Росица“, „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.46299549 1102859226530508 3887362955305549824 n

46479836 510384382774246 3781425259077435392 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани