Младинската невработеност двојно поголема од просечната стапка на невработеност во Македонија

Ноември 22, 2018

Младинската невработеност е речиси двојно поголема од просечната стапка на невработеност во Македонија, што е висок процент и покрај мерките што државата ги презема години наназад преку плаќање на придонеси за вработување на млади, субвенционирање и друго. За овој горлив проблем зборуваше Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум од Скопје на панел дискусијата „Младите и политиките за вработување “што денес се одржа во Битола во организација на МКЦ и Фондацијата за претприемачи-сервис за млади.

 

„Процентот на млади невработени е многу голем. Поради ова може да се каже дека младите се меѓу најмаргинализираните групи во нашето општество. Треба здружено и инстутуциите и граѓанскиот сектор и образованието да работат на поддршка на младите да пристигнат до пазарот на трудот. Треба претприемништво и младинска гранција. Целта е младите луѓе да не минуваат месеци во неправење ништо, немање работа, обука, пракса и да се намали тој период кога младите чекаат за својот прв работен ангажман“, рече Костуранова.46516885 264050320924276 4792271947067031552 n

Таа додаде дека не смее да се дозволи младите да бидат вработени само преку усни договри, договори на дело со години и години без да стане збор за вработување.

„Моменталните состојби се последица на вредностите во ситемот, корупција, поголема улога имаат конекциите и контактите на родителот отколку на младиот човек кој бара работа, колку имаме кадри кои одговараат на пазарот на трудот, колку се кадри да работат, дали имаме дефицит во одредени професии, а суфицит во останати. Многу мерки треба да се преземат и многу брзо ако Македонија сака да ги задржи своите млади луѓе треба да им обезбеди услови за достоинствен живот во својата земја“, додаде Костуранова.

Во последнта година државата спроведува пилот проект Гаранција за млади во неколку пилот општини Скопје, Струмица и Гостивар.

„За годинава очекувањата беа надминати, планиравме да вклучиме 1200 млади, а се вклучија повеќе. Во тек е планирање за следната година и ќе се прошири реализизацијата и во другите региони. Гаранцијата за млади овозможува во рок од 4 месеци откако лицата ќе се регистрираат во Агенцијата за вработување да добијат и обука и доквалификација во зависност од она што се нуди во рамките на оперативниот план за вработување“, рече Мартин Милошевски од Национален младински сојуз на Македонија.46495815 1169599149870965 6666511416373018624 n

Прокетот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики“ е поддржан од ЕУ. Преку него се вмрежуваат НВО секторот и носителите на младинските политики.

„Ние мислиме дека граѓанскиот сектор се уште не е доволно подготвен квалитетно да соработува во овој заеднички процес на развивање на политиките и поради тоа преку проектот сакаме да ги зајакнеме капацитетите на граѓанските организации и да овозможиме понатаму континуирана и ефективна соработка, а тоа ќе придонесе за подинамично граѓанско општество“, рече Мери Нашоку од МКЦ- Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани