2win800x200

СДСМ им се заблагодари на битолачни за големата поддршка

Октомври 17, 2017

Разликата од речиси 14 илјади гласови меѓу кандидатите за градоначалник на Битола, Наташа Петровска од СДСМ и Зоран Илиоски, од ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека битолчани избраа живот во Битола и ги казнија погрешните политики на досегашната локална власт, рече Васко Ковачевски, пратеник и претседател на ОО на СДСМ на денешната прес конференција

-Во изминатите 12 години претходниот градоначалник и тогашната партија на власт ДПМНЕ, водеа погрешни политики кон Битола и битолчани, без речиси никакви капитални инвестиции, со непринципиелен однос кон бизнис заедницата, без перспектива за младите. Ја уништија Битола и ја добија кзната од битолчани, рече Ковачевски и се заблагодари за поддршката на сите кои го дале својот глас за Петорвска и советничата листа на СДСМ и коалицијата.

-Вашата голема поддршка за нас значи голема обврска да ги реализираме ветувањата од изборната програма, но и одговорност да ја вратиме Битола на местото каде заслужува, да биде подобро и поубаво место за живеење, рече Ковачевски, потенцирајќи ја уште еднаш поддршката што локланата власт во Bитола ќе ја има од централната.

Ковачевски ги соопшти конечните, а неофицијални резултати од Изборите во неделата, според кои Петровска освои 31 337 гласа, а Илиоски 17 715, што ја потврдуваат победата на Петровска уште во првиот изборен круг. Советничката листа на СДСМ и коалиционите партнри, предводена од Валентин Груевски, освои 26 555 гласа, а на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата 17 481, со што СДСМ има 17 советници, а ВМРО-ДПМНЕ 11, 2 има независната листа „Поинаку“ на Габриела Илиевска и 1 советник албанските партии.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани