Горан Стефановски ќе биде кремиран, а пепелта расфрлена во Охридското Езеро

Ноември 28, 2018

Драматургот Горан Стефановски, кој вчера почина на 66 годишна возраст во Англија, ќе биде кремиран, а по негова желба пепелта ќе биде расфрлена во водите на Охридското Езеро.

Пријатели на семејството Стефановски на социјалните мрежи вечерва ја Пренусваат информацијата дека кремирањето ќе се одржи на 5 декември во Бархам Крематориум во Кентербери, Англија во 9,20 часот. Пепелта по негова желба, во пригодна прилика, ќе биде расфрлена во водите на Охридското Езеро.

Стефановски беше роден во Битола, а последните години живееше во Англија. Со неговите драми Битолскиот Народен Театар го достигна врвот. Вчера, токму на денот на неговата смрт, на сцената на Театарот во Битола се играше неговата драма „Дупло дно“. Битолските театарџии на  фејсбук страницата  на Битолскиот Народен театар напишаа : „Вечерва додека ја игравме твојата ‘Дупло дно’ не напушти, но само физички зашто делата твои ќе ни останат во аманет да не потсетуваат дека суштината е да се биде не добар ами одличен уметник, а истовремено голем човек чиј збор треба и мора да се чуе.“

Тој беше автор на легендарните и популарни драми „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“. Неговиот потпис стои и на познатата ТВ-серија за опсименување на децата „Бушава азбука“, со која генерации деца научија да пишуваат и читаат.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани