Декември 13, 2018

Со биомаса ќе се загрева градинката во Новаци

Декември 07, 2018

Биомасата и нејзината искористеност за загревање  повторно ги седна на заедничка маса пограничните општини Новаци од македонска страна и Аминдео од грчка.

Во Младинскиот културен центар во Новаци се одржа  состанок помеѓу претставници на општина Новаци, АПРЗ и грчките партнери ДЕТЕПА, КРЕС и КЛУБЕ во рамките на проектот Agrowchain - „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини“.

Проектот трае 24 месеци, започна во јуни годинава, а денеска  беше третата сесија на партнерите во проектот .

-Ние како општина сме партнер во проектот, се работи за вкупни финансии од 216 илјади евра кои со овој проект треба да се искористат за набавка на механизација. Со таа механизација ние ќе собираме биомаса која подоцна ќе ја користиме за загревање на парен котел и затоплување на градинката во Новаци. Сега правиме анализи и анкети со земјоделците дали се подготвени еден дел од отпадот да го отстапат за биомаса.  Веќе распишавме тендер за набавка на трактор со приколка, потоа приклучни машини , котелот за затопливање и балирачката, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузмановски.

 

Во Општина Новаци  веќе се прават анализи за расположливите ресурси за производство на биомаса.

-Во моментот имаме набавено студија за добивање на податоци за  мрежата на канали, атмосферска канализација, речни корита и слично, кои што ќе ни бидат како ресурс од чиешто чистење ќе добиваме биомаса со која што ќе го загреваме котелот кој што ќе биде инсталиран во градинката. Потоа ќе следи набавката на трактор и хидраулична рака која што ќе ги чисти речните корита и канали од кои што ќе се добиваат остатоци од растенија кои што потоа ќе се сушат и балираат и ќе се формираат балиња кои ќе се користат за загревање на котелот, рече Катерина Чукалевска претставник на Општина Новаци.

Општинското претпријатие за греење на Аминдео, ДЕТЕПА  досега трипати има соработувано на проекти со Општина Новаци.

-Пред три години соработувавме со Општина Новаци за проект за биомаса и основна цел на ваквите проекти е да ја развиеме биомасата како извор на енергија .Со прокетот Agrowchain сакаме да направиме еден синџир на снабдување со биомаса како кај нас , така и кај останатите партнери. Во нашата општина загревањето работи преку термоцентрали коишто работат на лигнит, но во иднина тоа ќе го прекинеме,  знаеме дека ќе ни претставува проблем. Но сметаме дека преку други извори на загревање како биомаса ќе го решиме тоа, изјави Костас Кириопулус од општинското претпријатие за греење на Аминдео,ДЕТЕПА.

Биомасата може рацинално да се искористи за затоплување на објектите на локалните самоуправи во двете  погранични општини .47680828 1976422009071491 9209494379046109184 n

47577565 355940715155941 8412415377383882752 n47684614 363161737790730 3931001781537996800 n

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2017 АПЛА.мк. Сите права се задржани