Август 23, 2019

Street gif

Заменик Амбасадорот на Јапонија во посета на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Декември 18, 2018

Проектот  “Превенција од поплави во Пелагонискиот регион – зајакнување на регионалните капацитети”, кој беше одобрен како грант од страна на Јапонската амбасада во РМ кон Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во 2017 година беше повод просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион да ги посети заменик Амбасадорот на Јапонија во РМ г-дин Хидеаки Мачида.

На оваа прва посета во Пелагонискиот регион заменик Амбасадорот  Мачида заедно со раководителот на ЦРППР Гого Видимче разговараа за тековните проекти финансирани од страна на Јапонска амбасада во Пелагонискиот регион и нивната имплементација.

-Во рамките на тој проект се набави ровокопач-натоварувач кој ЦРППР им го дава на користење на општините од Пелагонискиот регион со цел чистење на канали за превенција од поплави. Овој проект беше оценет како најиновативен проект и како прв од ваков тип во Република Македонија претставува позитивна приказна на вистински регионален проект, каде повеќе општини се директни корисници на еден грант, а процесот е успешно менаџиран од страна на ЦРППР.
Во рамките на средбата се оствари теренска посета во Крушево каде во моментот е даден на користење ровокопачот, на кој заменик амбасадорот направи увид како и за што се користи доделениот грант.
Овој проект е втор одобрен грант од страна на Јапонската амбасада кон Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Успешната имплементација на овие проекти претставуваат можност за продолжување и зацврстување на соработката на Јапонската амбасада во РМ и ЦРПРР и во иднина, велат од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани