2win800x200

Влијанието на мобилноста врз позитивниот, професионален и социјален развој на младите

Декември 20, 2018

Денеска во Битола започна последниот од трите дводневни настани за вмрежување наменети за граѓанските организации и креаторите на младински политики на тема „Младинска мобилност“. Настанот го организираат Младинскиот културен центар – Битола и Фондацијата за претприемачки сервис за млади, во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, од програмата IPA TAIB 2013 „Зајакната вклученост на граѓанското општество во реформите за интеграција во Европската унија“.

-Ова е последниот од трите настани за вмрежување помеѓу граѓански организации и креатори и спроведувачи на политики и програми за млади и е посветен на многу важна тема за младите, а тоа е мобилноста со цел да се оддаде едно признание за важноста и влијанието на мобилноста врз позитивниот професионален и социјален развој на младите. Настанот ќе овозможи да се добијат директни информации за моменталната состојба како и плановите, програмите и новините во областа на мобилноста, презентација на најдобри практики и споделување на искуства и научени лекции од мобилноста на терен. Ќе се дискутира Bh за Еразмус плус вклучително за ЕВС програмите, за Peace Corps волонтерите, за платформите млади инфо и јутвики итн, вели Мери Нашоку, координатор за градење на капацитети  од Младинскиот културен центар во Битола.

Според концептот на настанот, денеска се организира панел дискусија со осврт на можностите и новините во програмите за мобилност, како и за искуствата и научените лекции од мобилноста на терен, а се дискутира по следниве прашања:

-          Кои програми за мобилност се достапни во Македонија?

Кои се програмите кои се користат или можат да се обезбедат за младинска мобилност?

-          Во кои области на мобилност се реализираат овие програми? Кои се зацртаните цели кои програмите сакаат да ги остварат? (Што претставуваат и кои се разликите меѓу програмите Еразмус +, ЕВС, РИКО, други)

-          Кои се потребите на младите и младинските организации во поглед на мобилноста? Дали програмите одговараат на овие потреби?

-          Кои се препораките за подобро искористување на понудените програми за мобилност  и зголемување на нивниот ефект?

Утре ќе се посвети внимание на Б2Б (бизнис со бизнис) средбите помеѓу граѓанските организации со цел поврзување, запознавање и остварување соработка во иднина. 

Настанот е наменет за претставници на граѓански организации кои имаат искуство и интерес за работа во полето на младинската мобилност, креатори и спроведувачи на политики за млади на национално и локално ниво, образовни институции, млади корисници на програмите за мобилност и сл.

received 963333647190959

received 1940015982761015

received 270874240268943

received 537913206688914

received 2243321949283955

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани