2win800x200

Мите Ристов, единствен награден наставник од Битола на повикот „Успешни наставници, за добри наставни пракси“

Декември 24, 2018

Мите Ристов е единствениот наставник од Битола, добитник на грант од Фондацијата отворено општество, по распишаниот повик „УСПЕШНИ НАСТАВНИЦИ ЗА ДОБРИ НАСТАВНИ ПРАКСИ“.  Како првонаграден во категоријата средни училишта,  добива грант од 18 илјади денари, исто така грант од 50 илјади денари е доделен и на гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, каде Ристов е професор по географија. Од вкупно 112 апликанти од цела Македонија, ФООМ одобри девет грантови за наставниците и девет грантови за нивните училишта во три засебни категории -одделенска настава, предметна настава и средни училишта.  

Повикот има за цел да се истакне важната улога на наставникот за развојот на целокупното општество и да се промовира наставничката професија како професија со голема одговорност за поттикнување соработка, соживот, разбирање и инклузија на ученици со различни можности, различно етничко, социоекономско, јазично и културно потекло.

„Фондацијата Отворено општество - Македонија верува дека наставниците се најважната алка во воспитно-образовниот процес и дека тие со своето знаење, компетенции но и со иновативната пракса и пристапи на работа придонесуваат за поттикнување на критичкото мислење, креативноста, примената на наученото и развојот на социјалните компетенции кај учениците. Им благодариме на сите пријавени за интересот за овој повик, им честитаме на наградените и им оддаваме признание на сите наставници во РМ кои со својата секојдневна работа несебично се вложуваат за квалитетно образование на нашите деца“, наведуваат од ФООМ.

Инаку Мите Ристов е познат граѓански активист, а исто така е претседател на Регионалното географско друшво „Геосфера“, кое во изминатиот период реализираше повеќе активности и истражувања за загадениот воздух во Битола, при што беа посочени причините и понудени мерки за намалување на аерозагадувањето.

nagradeni nastavnici mkd 680 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани