2win800x200

Мурал со портрет на Горан Стефановски и цитат од „Тетовирани души“ исцртан на ѕидот од Ракометното игралиште во Битола

Декември 24, 2018

Портетерот на еден од највлијателните и најважни личности во културата на Македонија, драматургот Горан Стефанофски е исцртан на дел од ѕидот на Ракометното игралиште во Битола, а исто така испишан е и цитат од неговот дело „Тетовирани души“. Стефановски, е роден во Битола  на 27 април 1952 година, а почина на 27 ноември во Велика Британија, на 66 годишна возраст

Целиот мурал е  ицртан од членовите на Медиа/Арт – Битола на Младински образовен форум, кои во текот на учебната година стекнаа знаења и вештини за применување на уличната уметност, а ова беше нивниот завршнен настан насловен „Тетовирани ѕидови“

„Стефановски преку своите дела ни ја претставува историјата на македонскиот народ со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политички разијадувања, стремежот за подобро утре. Поради тоа претставува и наша „муза“ која нѐ инспирира да бидеме активни граѓани и да направиме активности со цел разубавување на јавниот простор“ посочуваат од МОФ Центар-Битола.

Намерата на младите креативци е да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност како алатка за креативно изразување, како и да се покрене свест за поголема грижа од страна на младите и останатите граѓани на Битола за јавните површини преку младинската креативност.

Медиа Арт клубот – Битола, менториран од МКЦ – Битола, е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност итн. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во различните модули.

Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Битола, Тетово, Велес и Куманово кои активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови.

Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество - Македонија

mural1

mural2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани