2win800x200

Дедо Мраз ги израдува со новогодишни пакетчиња децата на вработените во ЈКП“Водовод“-Битола

Декември 26, 2018

ЈКП“Водовод“-Битола  им подели околу осумдесет новогодишни пакетчиња на децата на своите вработени со  впечатлив едукативен театарски перформанс  со Дедо Мраз, Снежната кралица и други ликови од анимираните филмови за деца.

Децата на големо задоволство и со внимание ја проследија претставата , а потоа се радуваа на новогодишните пакетчиња со желби за повесела и побезгрижна Нова година .

-Детски насмевки, радост, среќа и љубов. Празниците кои што претстојат се најдобра прилика за да ги оствариме нашите желби. ЈКП "Водовод" со едукативна уметничка програма во присуство на Дедо Мраз, ги израдува дечињата на своите вработени, велат од ЈКП „Водовод“-Битола.

48417828 537827470029803 8216148613340856320 n

48422909 957111227745799 488891733552136192 n

48932602 1935635963158146 7123953814540910592 n

49115862 222425311992261 1239580866464710656 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани