2win800x200

Битолчани да ги отворат своите домови за згрижување на децата без родители, апелираат од Центарот за социјални работи во Битола

Декември 28, 2018

Центарот за социјални работи –Битола во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Р. Македонија, УНИЦЕФ и СОС Детското село на Р.М во јуни 2018 година одржаа кампања „На секое дете му треба семејство“. Кампањата беше водена во интерес на децата кои без нивна вина се без родителска грижа , сместени во големи институции каде тие не можат да ја почувствуваат семејната атмосфера на секојдневното живеење. И колку да е добро опремена институцијата не може да ги замени љубовта и поддршката на семејната средина. Детето само во семејна средина може да чувствува љубов, поддршка и припадност, велат од Центарот за социјални работи во Битола.

Од таму додаваат дека „за таа цел од страна на овој Центар се водат повеќе кампањи за да може  да се создаде поголема мрежа на семејства кои ќе можат да ги отворат вартите на нивните домови и во нивните срца да влезат дечиња на кои им се потребно тоа за да израснат во вистински личности“.

Според Центарот за социјални работи во Битола  има четири семејства во кои се сместени по едно дете, а две смејства се здобија со сертификати на згрижувачи. Во Демир Хисар има едно згрижувачко семејство  каде се сместени три деца.  

Од Центарот апелираат сите заинтересирани семејства да се јават во нивните простории во Битола за да можат да добијат информации каква е постапката за да станат згрижувачи, како и за сите потребни информации за згрижувањето.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани