Во УЈП-Битола регистрирани над 33.000 граѓани во системот E-персонален данок, дирекцијата ќе работи и утре

Декември 28, 2018

Регионалната дирекција на УЈП со седиште во Битола соопшти дека досега во системот на e-pdd и само на подрачјето на општина Битола регистрирани се 33.430 граѓани.

Регионалната дирекција на УЈП-Битола која е со надлежност и на подрачјето на општините Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар, досега регистрирала 79.720 граѓани, а со регистрации ќе продолжи и утре во терминот од 8 до 14 часот.

Од Управана за јавни приходи информираат дека  со оглед дека од оваа обврска се изземени физичките лица кои се приматели на пензија од Фондот за пензиско и здравствено осигурување на Република Македонија, останува уште мал процент на граѓани кои треба да се регистрираат. 

Со оглед дека истекува крајниот рок за регистрација во системот е-Персонален данок, од УЈП ги известуваат  граѓаните дека и утре, сабота, Регионалните дирекции на УЈП во Скопје , Струмица,  Тетово, Битола (Охрид, Струга, Ресен и Демир Хисар), Прилеп и Штип ќе бидат отворени од 08.00 до 14.00 часот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани