2win800x200

„Queen - музички спектакл со хумана мисија и љубов кон уметноста"-настан на учениците од СОУ "Таки Даскало"

Декември 30, 2018

Учениците од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, заедно со своите ментори,  предновогодишно подготвија настан насловен „Queen - музички спектакл со хумана мисија и љубов кон уметноста“. Познатите хитови на легендарната музичка група Queen беа интерпретирани од ученици на ова средно училиште под ментортсто на професорот по музичко образование Христијан Петковиќ. Во духот на новогодишната атмосфера, овој настан имаше хуманитарен карактер, а учениците од Еко клубот при СОУ „Таки Даскало“ - Битола, под раководство и организација на професорката Драгица Здравковска, реализираа хуманитарна акција за детски играчки и материјални средства кои беа донирани во Заводот за рехабилитација на  слух и говор  во Битола.

Публиката имаше прилика да ги слушне познатите хитови во интерпретација на ученичките Ана Марија Поповска, Андреа Јадровска, Елена Димитриова, Јулијана Милошевска, Ана Јаневска, Мила Мартинез, Ангела Лавровска и Мартина Најдовска, придружувани од учениците Борјана Видановска на гитара и Мартин Ѓорѓиевски на кахон.

-Учениците заедно со своите ментори покажаа што значи да се работи со љубов, со посветеност и да се вложи огромен труд за да се успее. Сето ова, преку музика и уметнички дела, како и графички изработки и креации создаде атмосфера и посебен амбиент во училишната спортска сала. „Queen“ е рок група од 80-те години чија палета од разновидности во музиката до ден денес буди интерес. Особено рок-легендата на бендот Фреди Меркјури, остави зад себе белег и во поглед на музиката и во поглед на разбирање и прифаќање на различностите. Затоа со право може да се каже дека преку уметноста сите се разбираме, без оглед на нашата култура, национална, етничка или полова припадност, велат од СОУ „Таки Даскало“-Битола.

Настанот беше збогатен со ликовнa изложба подготвена од ученици од I и II година гимназиско образование и I година од сообраќајна струка под менторство на професорката по ликовно образование Љубица Мешкова-Солак.

Учениците од I, II и III година од графичката струка учествуваа со свои графички изработки под менторство на професорките Весна Мундишевска-Вељановска и Снежана Паскова.

Свој придонес на настанот дадоа и учениците од текстилната струка под менторство на професорот Драган Николовски.

Свој придонес даде и ди-џеј  Љубиша, кој беше ученик во СОУ „Таки Даскало“ кој беше задолжен за музичката техничка поддршка, но и за предновогодишната средношколска забава која следуваше во продолжение.

Во техничка поддршка на настанот зеде учество и ученикот Акан Адемовски кој го фотографираше и снимаше целиот настан од што ќе произлезе и видео запис, а во целокпната реализација на настанот беа вклучени  голем број ученици.

-Ваквите настани во нашето училиште, покрај образовно – културна и хумана мисија, добиваат поинаква димензија, која е во согласност со образованието во 21  век, и во која во прв ред се истакнуваат работните навики, дисциплината и посветеноста на младите луѓе, кои особини е важно да се истакнат токму во овие години на нивното образование. Во оваа смисла професорите застануваат зад своите ученици како ментори кои ги насочуваат и поттикнуваат своите ученици да создаваат самостојно и одговорно, посочуваат од училиштето

Настанот се одржа со поддршка на директорката на СОУ „Таки Даскало“-Битола, Елизабета Наумовска, претседателката на Управен одбор на училиштето, Татјана Црнец, Општина – Битола и Народен театар – Битола.

IMG 7f5cfca733782d46f83dd82a7cd57621 V

IMG 0fb15d4500acc9091bf66ae026392217 V

IMG 7f5cfca733782d46f83dd82a7cd57621 V

IMG 62ec14a527c12a3afbb7c646f7a6f93e V

IMG 599eb29eb13be65abcb776df6b3c4859 V

IMG ba9d7d8e97b7196d9d7044915265a3c0 V

IMG e2152332367ddc0fd581e615f318765a V

IMG 2b631f94ac9c58804447bdf596b4fb66 V

IMG a0e3c2f1ce43e50e0e11d17cce629f27 V

IMG 2c05e40ff7938514f58c62488cc85eb8 V

IMG 293dc0304c11964d92f3ebf4c085e3a1 V

IMG 832a55abd98c2afee6fb3a4316f6a1d6 V

IMG 688855a9d3921ae7ec297c3ff370ef03 V

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани