2win800x200

Мирна новогодишна ноќ во Битола

Јануари 01, 2019

Новогодишната ноќ во Битола мина релативно  мирно и без поголеми нарушување на јавниот ред и мир.

И од Клиничката болница во Битола информираат дека во текот на ноќта, како ретко досега, фреквенцијата на пациенти била исклучително мала, а во Службата за ургентна медицина, помош побарале неколкумина граѓани.

-Новогодишната ноќ на нашата Клиничка болница, за среќа помина мирно. На ургентно одделение имаше еден донесен повреден пациент во тепачка , кој минал со лесни телесни поврди. Исто така имаше 4 до 5 алкхолизирани лица кои побарале помош, но сите возрасни. Немаше ниту еден случај на малолетни алкохолиирани лица, рече Сузана Коневска, портпарол на Клиничката болница во Битола.

Од полицијата информираат дека   такси возач  од Битола пријавил дека околу 21.45 часот вчера на 31 декември 2018 годна,  отишол на улица "Козара" во Битола да земе патници но бидејќи биле поголема група на лица одбил да ги превезува и истите физички го нападнале.  Во друг настана пак во  старата битолска чаршија, еден час по полноќ, дошло до тешака меѓу  неколку лица. О.Ш.(18) побарал лекарска помош во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на двата  случаи. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани