Вечерва и утре снег, потоа променливо и многу студено време

Јануари 02, 2019

По врнежите на повисоките места, снегот вечерва пристигна и во Битола и веќе се формира  снежна покривка

Под влијание на студен и влажен бран метеоролозите најавуваат дека врнежите ќе продолжат и  во текот на ноќта, како и утре (четврток) а пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава.
 
Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала на североистокот. Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.
 
Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег во петокот повеќе на истокот и понекаде во планините на запад, а во недела од кај северот. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.
Температурата во наредните денови ќе се спушти и до -14 степени.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани