Ноќното скијање во ски центарот-Нижеполе започнува вечерва во 19 часот

Јануари 04, 2019

Стартот  на новата скијачка сезона во ски центарот Нижеполе се отвора  вечерва со  ноќно скијање од  19 до 22 часот. Терените за ск­и­­јање се целосно подготвени, ски-патеките се исчистени и функционални а паркинг просторот е уредно осветлен, информраат од ЈП „Стрежево“ кое стопанисува со ски центарот Нижеполе. 

-Со цел збогатување на спектарот со понудени содржини за граѓаните со особено задоволство сакаме да ги информираме љубителите на планинскиот туризам дека објектот чајџилница (бачило) ќе работи секој ден (понеделник-недела) со работно време 09-22 часот. Популарниот топол планински чај ќе се продава по цена од 30 денари, велат од ЈП „Стрежево“

Картите за скијање чинат: 

Сезонска ски карта за возрасни                                3000,00 денари

Сезонска ски карта за деца                                       2000,00 денари

Дневна ски карта за возрасни                                     300,00 денари

Дневна ски карта за деца                                            200,00 денари

Ски карта за ноќно скијање                                      200,00 денари

Во сезонската и дневната ски карта не е вклучено ноќното скијање.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани